Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават.


А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани.

Додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка.

Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста.

Информациите говорат дека Мојсоска на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, а на 03.02.2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на 3 пати по 54.000 денари.

И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кое пред граѓаните се претставуваа како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци.

Оттука ја прашуваме Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари, нели е повеќе од доволна пратеничката плата?

Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија?

Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време 

Костова: Владата на ВМРО ДПМНЕ е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри