Утрински Весник
Македонија

Се очекува во декември да бидеме најдобри во делот на Реформската агенда и Планот за раст

20250919145558 big 730x400 39.webp.webp

Во делот на Реформската агенда и Планот за раст во Западен Балкан во извештајот во јуни годинава бевме рангирани зад Црна Гора и Албанија, а во декември очекуваме да бидеме прворангирани, истакна денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Тој на денешната средба со новинарите, на која присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, рече дека во моментов Црна Гора е сконцентрирана на затворање на отворените поглавја, а Албанија, пак, на отворање на нови поглавја. Тоа, како што кажа, е поголема можност земјава да се фокусира на Планот за раст отколку Црна Гора и Албанија и затоа, додаде, очекува на следниот извештај  во декември да бидеме најдобри.


-Одлучивме сите закони кои се во Рефрмската агенда откако ќе ги усвои Владата да се испратат на контрола во Европската комисија, а потоа да одат во собраниска процедура. Можеби тоа ќе значи одредено доцнење при нивното носење, но ќе бидеме сигурни дека се во ред, рече Муртезани.

Најголеми забелешки од ЕК, како што посочи, има за Кривичниот законик кој претходната влада го донесе со европско знаменце, особено во делот на членот 353.

Можете да прочитате

Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија