Утрински Весник
Македонија

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Rosica max 1199 756.jpg

Трагичниот случај во Велес, во кој беа убиени Росица и нејзиниот татко, повторно ја отвори темата за потребата од посилна заштита на жртвите на семејно насилство. На денешната прес-конференција во Скопје, Либерално-демократската партија (ЛДП) побара итно усвојување на законските измени за воведување на електронски нараквици за насилниците.

Членката на Извршниот одбор на ЛДП, Цветанка Геговска, посочи дека доколку измените предложени од пратеничката Моника Зајкова биле изгласани во април, сторителот ќе носел електронска нараквица и трагедијата можела да биде спречена.


„Овој уред ја предупредува жртвата кога насилникот е на оддалеченост помала од 100 метри. Со тоа би се зголемил степенот на заштита и би се намалила можноста за повторно изложување на насилство,“ изјави Геговска.

Од ЛДП порачаа дека измените се системска мерка за подобрување на механизмите за заштита и апелираа пратениците, независно од партиска или етничка припадност, да дадат поддршка во Собранието.

„Граѓаните ги избраа своите претставници за да носат одлуки кои ќе го подобрат секојдневието. Нека трагедијата на Росица биде последна,“ нагласи Геговска.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Комеморација за Илинденка Петрушева: Извонреден познавач на филмот, пред сè извонреден човек

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек