Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува брз продор на ладен воздух од север, можен е мраз!

T2m 064 crop.png

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда  и четврток 17/18 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.


Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана. Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.  Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка