
Сопруга на загинатиот полицаец кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска на „Марш за ангелите“ излезе со траорно сведоштво во кое изнесе скандалозни детали.
Според неа, наместо таа да добие пензија поради тоа што нејзиниот сопруг загинал на работна задача, нејзиниот свекор (татко на сопругот) според нејзините тврдења, со поткуп успеал да обезбеди рабоно место во МВР за неговата ќерќа (сестра на починатиот полицаец).
„Документите за пензија пет месеци стоеја во МВР во Пробиштип. Пет месеци мене никој не ме праша како истерав до сега. А вие на местото од сопругот ја примивте сестра му. Каде е правдата? Никаде нема правда. Со договор и со поткуп се се може, но моие деца останаа без татко“ рече граѓанката, додавајќи дека и свекорот ја оставил неговата сметка за донации од граѓани.
Таа побара и одговорност по кој основ нејзиниот сопруг Тоше, бил пратен на задача во Кочани, кога претходно дента во Пробиштип бил на смена 12 часа односно од 7 наутро до 7 попладне а потоа во 22.00 часот бил испратен за Кочани.
„По која наредба бил пратен таму, кој му ја дал таа наредба? Чекам одговор од министерот да ми одговори, а не да вработува се и сешто“ рече таа.
Друга граѓанка од протестот побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски.
„Каде е вистината, нели вистината ќе излезеше на виделина? Сега бараме оставка од вас, затоа што на лагите ѝ се кратки нозеете. Ако не си дадете оставка сега, ние личмно ќе дојдеме во Скопје и ќе бараме оставка. Затоа што вие не заслужувате да ја водите нашата држава, вие само ветувате а не исполнувате. Ветивте безбедност на нашите деца, гледаме колку се безбедни, секој ден има смртни случаи, има пожари, има убиства, вие не сте за тоа позиција“ порача граѓанката додавјќи дека бараат оставка и од премиерот Христијан Мицкоски.