Утрински Весник
Македонија

Да се лоцираат и отстранат сите диви депонии, им препорача Меџити на општините

Medziti.webp.webp

На барање на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити до општините е испратена препорака за спроведување детаљни контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и изготвување планови за нивно систематско отстранување.

Министерството соопшти дека од општините очекува мерки за унапредување на управувањето со отпад и заштита на животната средина, а од Државниот инспекторат за животна средина итни активности за контрола и управување со депониите.


Препораките предвидуваат формирање работни тимови за теренска проверка и геолокациско мапирање, соработка со инспекциските служби, подготовка на извештај за состојбата со дивите депонии, кој во рок од 60 дена ќе биде доставен до Министерството, како и информативни кампањи за подигање на јавната свест кај граѓаните.

Истовремено, Државниот инспекторат за животна средина ќе спроведе вонредни контроли на сите постојни и нерегистрирани депонии. Контролата ќе опфати проверка на усогласеност со дозволите и со еколошките стандарди, откривање незаконско депонирање и преземање мерки за санација и санкционирање при прекршувања.

Можете да прочитате

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога

Приведен 73-годишник од скопско, пукал кон својот брат, нема повредени лица