Утрински Весник
Македонија

ПОЛАДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР: Следуваат ладни утра и силен северен ветер!

Veter 4 .jpg

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.


Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот.

Можете да прочитате

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа

Уставниот суд од 4 март почнува со седниците во живо пред граѓаните