Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево

Viber image 2025 09 13 16 53 52 430.jpg

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат од Институтот за јавно здравје.

ИЈЗ, нагласуваат оттаму, е во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата.


-Во текот на вчерашниот ден испративме обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје. Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа. Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување. Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден, појаснуваат од ИЈЗ.

Според резултатите, во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло.

По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, Од ИЈЗ најавуваат дека резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Можете да прочитате

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока