Утрински Весник
Македонија

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје на локалните избори 2025

Black and white modern vote poster facebook gonderisi 2.jpg

Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи.

Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. Од ДИК информираат дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници. Во оваа бројка се вклучени и кандидатските листи од политички партии и оние поднесени од групи избирачи.


Најголем број на кандидатски листи е поднесен токму за Градот Скопје – 18 за градоначалник и 20 за Советот на Градот.

„Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата, односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, најдоцна до 20 септември,“ соопштуваат од ДИК.

По завршувањето на процесот на проверка и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите. Жрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи најдоцна на 25 септември.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври 2025 година, а вториот на 2 ноември. Изборната кампања ќе започне 20 дена пред денот на гласањето.

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија 

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

Трипуновски од Пробиштип: Ги слушаме проблемите и предлозите на земјоделците и заеднички носиме решенија и мерки