Утрински Весник
Македонија

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

Img 7022.jpeg

„Додека пожарот во Трубарево претставуваше сериозна закана и се одржуваше кризен штаб, министерот за животна средина, Изет Меџити, не беше присутен. Новинарите инсистираа да добијат одговор зошто ресорниот министер го нема на терен, но, според информациите, за него во тој момент бил поважен партиски настан и кампањата.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека имал повеќепати контакти со Меџити и неговиот заменик, но одговорите не ја задоволија јавноста и медиумите.


Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека материјалот од пожарот е земен од акредитирана институција и дека официјалните резултати ќе бидат објавени до понеделник, но истовремено не можеше да објасни зошто Меџити не бил присутен на терен и на кризен штаб.“

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот