Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За состојбата со депониите во Скопје виновни се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm.jpeg

СДСМ обвини дека Скопје е задушено во чад поради горење на депониите и дека граѓаните со сопственото здравје ја плаќаат цената на, како што велат, неспособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Даме Димитровски, советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ, воедно е и претседател на Управниот одбор на „Дрисла“.


„Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?“, прашуваат од СДСМ и додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент“.

Тие потсетуваат дека со депонијата Вардариште со децении управувале градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, како и дека партијата и нејзините кадри пред четири години ветувале фабрика за селекција на отпад во Дрисла, затворање на Вардариште и „зелена зона“ со рекреативни содржини, но ништо од тоа не е реализирано.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не решија ништо, туку ги оставија депониите да го трујат градот. Вината за еколошката катастрофа е кај нивните кадри и градоначалницил“, стои во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите 

Одбележување на 30 години дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави