Утрински Весник
Економија

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници

Denari Pari.jpg

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во одговор на пратеничко прашање изјави дека: “Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата”.

Како последица на ова, дополни тој, ќе следи отпуштање на голем број работници, како и повторно зголемување на инфлацијата и пораст на цените кои ќе влијаат на социјалните случаи или сиромашните семејства.


Тој посочи дека предлогот на опозицијата предвидува минималната плата ад хок да се зголеми на 30 илјади денари и дека тоа не е изводливо без претходно да бидат исполнети потребните услови. “Првично имаме една формула како се одредува минималната плата – 50 проценти од зголемување на претходната плата и зголемување трошокот на животот претходната година”.

“Овој механизам е во склад со синдикатите, работнците и е еден кој е во практика и во Европа и кај нас. Ги штити работниците, обезбедува ги обезбедува интерсите и реалните капацитети на домашната економија”, рече Дурмиши, одговарајќи на прашањето на пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, за зголемување на минималната плата.

Во државата, дополни тој, минималната плата е на средина споредено со европските држави. Според него, најниска минимална плата имаат Албанија, Србија и Бугарија.

Синдикатите и опозицијата со месеци бараат минимална плата од најмалку 500 евра, но за власта тоа е неприфатливо.

Можете да прочитате

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?

На 17 септември се одржува првата конференција „Бизнис Лидер“