Утрински Весник
Свет

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

20250910232758 big 730x400 28.webp.webp

-Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напипа Трамп на социјалната мрежа Truth social.

„Во чест на Чарли Кирк, вистински голем американски патриот, наредувам сите американски знамиња низ Соединетите Американски Држави да бидат спуштени на половина јарбол до недела навечер во 18 часот.“, додаде Трамп.


Се огласи и потпретседателот на САД, Џеј Д. Венс:

„Вечен одмор дај му, Господи“, напиша тој на Х, споделувајќи ја и објавата на претседателот на Трамп.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа