Утрински Весник
Македонија

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

Jildiz veaposka 960x588 1.jpg

И денешното рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдиз Веапоска од Дебар не се одржа. Наместо разгледување на извештајот од супервештачењето, постапката повторно беше стопирана поради барањето на одбраната за изземање на судијата кој го води процесот.

Родилката, која по породување со царски рез во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, видно потресена излезе од судницата. Таа изјави дека повеќе нема ни здравје ни сила да се носи со постојаните одложувања и дека, како што рече, во државата нема ни суд ни правдина.


„Срамно е, докторите дојдоа од Скопје за вештачењето, а наместо завршни зборови, повторно се пролонгира процесот без рок,“ додаде Веапоска.

Нејзиниот застапник, адвокатот Сашо Јанев, смета дека ваквите барања се дел од стратегија на одбраната за одолговлекување и застарување на предметот.

„Сепак верувам дека судот ќе реагира ефикасно и дека ќе добиеме осудителна пресуда која одамна ја очекуваме,“ истакна Јанев.

Судењето против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и докторката Лилјана Јованоска – трае речиси три години. Делото може да застари на почетокот од идната година, а предметот веќе трипати се враќаше на почеток поради промени на судиски состав.

Можете да прочитате

Костадинов: Егзит останува во Струмица

Мицкоски: За прислушувањето СДС се фатени во лага и сега се заплеткуваат

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата