Утрински Весник
Македонија

Потпишан е Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции

09.09.2025 1.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Меморандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за обезбедување на земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност од страна на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.


Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството.

Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.

Можете да прочитате

Пронајдена автоматска пушка во скопско, лишени од слобода две лица

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието