Утрински Весник
Македонија

Филипче во работна посета на Франција

Venko Rse Intrevju1 Scaled.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска е во еднодневна работна посета на Франција.

Во рамки на посетата, Филипче ќе одржи средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги.


Претседателот Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани.

За време на работната посета во Париз, Филипче ќе има состанок со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј, и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.

Воедно, Филипче ќе има средба и со Бенжамин Куто, истражувач при Институтот „Жак Делор”.

Во фокусот на средбите ќе биде спроведувањето на реформската агенда и моменталниот статус на евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Можете да прочитате

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

(Видео) Сведоштво на патничка: Автобус на „Ганиќ“ не остави среде пат на враќање од Црна Гора