Утрински Весник
Свет

Лабуристите победија на  парламентарните избори во Норвешка

20250909072612 big 730x400 23.webp.webp
Dik 300x250 mk

Лабуристичката партија на актуелниот премиер Јонас Гар Сторе победи на парламентарните избори во Норвешка, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа, јавува ДПА.

Лабуристите добија 28,2 отсто од гласовите, соопшти норвешката изборна комисија. Десничарската популистичка Партија на напредокот забележа најголем раст на рејтингот во споредба со резултатите од парламентарните избори во 2021 година, со зголемување од 12,3, и сега е втора најсилна политичка партија во земјата со прелиминарни 23,9 отсто од гласовите. Конзервативната партија на поранешната премиерка Ерна Солберг се најде на третото место со освоени 14,6 отсто, јавува ДПА.


Според прелиминарните резултати, партиите од левиот блок, предводен од Лабуристите, освоија вкупно 87 места во норвешкиот парламент со 169 места, што им дава тесно мнозинство. За време на кампањата сите тие ветија дека ќе ја поддржат владата предводена од Сторе, кој е на власт четири години.

Околу четири милиони луѓе имаа право да гласаат на вчерашните избори. Излезноста на гласачите беше 78,9 отсто, покажуваат податоците на изборната комисија, објавени на нивната веб-страница рано утринава. Конечните резултати се очекуваат во наредните денови, јавува ДПА.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон