Утрински Весник
Македонија

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

Image 2025 09 06 124648297.png

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја дексласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски.


Не само што власта нема храброст да ја дексласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР.

Вчерашната седница на надзорната собраниска комисија која треба да ја следи работата на службите мистериозно беше откажана иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираа итноста таа веднаш да се одржи.

Од што се плаши Христијан Мицкоски?

Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?

Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?

Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари?

Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?

Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели.

Дали Мицкоски за торби парии ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?

СДСМ уште отворено и јавно ја повикува власта на чело со премиерот Христијан Мицкоски, дексласифицирајте ја документацијат затоа што македонската јавност заслужува да ја знае вистината.

Можете да прочитате

Tрипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, 30 милиони веќе се откупени до 4 септември

Тренчевска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги запустија општините

Хуман гест: Османи му притрча на помош на велосипедист удрен од автомобил (видео)