Утрински Весник
Македонија

„Супорт Кочани“: Создаваме „Гнездо“ каде младите ќе се чуствуваат сигурно и безбедно

20250905210959 big 730x400 75.webp.webp

Во Кочани е отворен Центар за млади, односно Центар за психо-социјализација, кој, идејните творци, Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“,  којашто произлезе по после трагедијата од 16-ти март годинава, го нарекоа „Гнездо“. 

Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија. 


Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјализација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што, како што рекоа, тоа име симболизира место каде што се чувствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзуваш со другите и на крај, подготвен си да леташ сам. 

Во овој Центар ќе има едукативни, креативни и психолошки работилници, ќе може да се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности, информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.

Од Супорт Кочани рекоа дека се надеваме оти создале топло и тивко место за дружење,  кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.

Можете да прочитате

Во Битола Левица ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски

Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени