Утрински Весник
Македонија

Рашковски: Апсолутна невистина е дека сум задржан на граница, парите се легално пријавени

Dragi raskovski 960x500 1.jpg
Dik 300x250 mk

Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски демантира дека бил задржан на граница при влез во земјава од страна на царинските службеници поради пари кои наводно не биле пријавени.

-Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка. Ве молам како медиуми да не ширите невистини, стои во јавната објава на Рашковски.


Дел од медиумите објавија дека македонската Царина при претрес на неговото возило пронашла 20.000 евра кеш за кои немал покритие. Иако е објавено дека настанот се случил на граничниот премин „Ново Село“, Рашковски во својата објава посочува дека станува збор за граничен премин со Грција.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница