Утрински Весник
Македонија

Левица ги објави кандидатите за градоначалници за скопските општини

Levicza 2.jpg
Dik 300x250 mk

Целта на оваа прес конференција е најавата на втор бран кандидати за градоначалници од Левица на претстојните локални избори!

По долги анализи од страна на Президиумот на Левица како главен извршен орган на партијата, кандидираме личности со висок професионален кредибилитет, добро познати за јавноста, личности кои се подготвени за предизвикот – да ги водат локалните самоуправи во скопските општини. 


Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”  во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија. 

Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.

Кандидат за Градоначалник на Општина Карпош е Антонио Димитров, актуелен директор на најстарата културна установа во Скопје, Културно-Информативниот Центар. На институцијата, Димитров како управител и овозможи мошне богата, разновидна и редовна програма.

Кандидат за Градоначалник на Општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе познати компании.

Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за
претприемништво и бизнис развој. Како професионалец со силна економска основа, неговиот фокус е на развој на одржливи економски политики.

Можете да прочитате

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД