Утрински Весник
Македонија

Не биле грешки, туку практика – обвинителството за случајот Онкологија

Onkologija.webp.webp

Со силна порака дека „здравиот има многу желби, а болниот само една – да оздрави“, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска го започна воведниот говор на судењето за случајот „Онкологија“. Таа потсети дека пациентите и нивните семејства имале доверба дека ќе добијат соодветна терапија, но наместо тоа, нивното здравје било доведено во ризик.

Судењето се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.


Обвинителката најави дека пред судот ќе бидат презентирани докази дека Васев систематски постапувал спротивно на медицинските стандарди и упатства, што довело до сериозни последици по здравјето на пациентите.

„Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија кои грубо ги прекршиле светските и европските онколошки упатства. Терапиите се спроведувале без конзилијарна одлука, со несоодветно дозирање и без проценка на биохемиски параметри. Некои терапии биле аплицирани и кога не биле потребни, што ги направило штетни и неефективни,“ истакна Гоговска Јакимовска.

Таа посочи дека во дел од случаите терапиите биле одобрени и финализирани преку системот од страна на второобвинетата Мери Пешевска, со што се овозможило несоодветното постапување на Васев.

Според обвинението, со овие постапки биле оштетени 29 пациенти, а судењето опфаќа докази за неподобни терапии, неправилно дозирање и непочитување на протоколи.

Дополнително, Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се обвинети и за злоупотреба на службена положба и проневера, со што на државниот буџет му била нанесена штета од над 2,2 милијарди денари.

Можете да прочитате

ОЈО ГОКК и АНБ договориле динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Гаши за попладнево повторно свика седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ и АР

Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра на учебници, што побарале училиштата, тоа добиле