Утрински Весник
Свет

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва.

– Нашите американски партнери ми кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со тоа тој всушност сака да избегне средба, истакна Зеленски на прес-конференција по Самитот на Коалицијата на подготвените во Париз.


Тој додаде дека е добро што Русија почнала да зборува за средба.

Русија почна да зборува за средба, што не е лошо. Но, засега не ја гледаме нејзината желба за завршување на војната, наведе Зеленски.

Путин вчера во Пекинг изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски, но под услов средбата да се одржи во Москва.

– Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин.

Можете да прочитате

Нов смртоносен вирус што ги плаши светските здравствени власти

25 жртви во лизгањето на земјиштето во Индонезија

Никозија избрана за водечка културна дестинација во Европа за 2026 година