Утрински Весник
Економија

Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти

Rast.webp.webp

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е зголемен за 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 % и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3.9 %.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6.1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68.5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6.4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7.3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3.2 %, се наведува во соопштението од ДЗС.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања