Утрински Весник
Македонија

Прво сослужување на Архиепископот Стефан со поглаварот на Православната Црква во Америка

Image 2025 09 04 164914286.png
Dik 300x250 mk

Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада  г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк.

На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. Молитвено присуствуваше и Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.


Во текот на литургијата, Митрополитот Тихон за првпат го спомна Архиепископот Стефан во диптихот на поглаварите на православните цркви – со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Православната Црква во Америка.

На овој настан присуствуваа бројни македонски свештеници и верници од САД и Канада.

По светата литургија беше приреден свечен прием во македонската амбасада во Вашингтон и средба со амбасадорот  Зоран Попов.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по неколкудневниот престој во САД на покана од Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, по повод одбележувањето на 60 годишнината од осветувањето на храмовите во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, ќе замине за Канада каде што ќе присусутвува на чествувањата по повод јубилејот на црковната општина „Свети Климент“ во Торонто, Онтарио.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница