Утрински Весник
Македонија

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни

Img 5689.jpeg
Dik 300x250 mk

Според податоците до 18:30 часот на 3 септември 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, активни се 2 пожари, 4 се ставени под контрола, а 11 се изгаснати.

Активни пожари:


  • Општина Долнени, села Ропотово и Рилово – зафатена мешана шума.
  • Општина Липково, село Никуштак – гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола се:

  • Општина Долнени, помеѓу селата Долгаец и Стровија – нискостеблеста вегетација.
  • Општина Гази Баба, депонија Вардариште – отпад.
  • Општина Гевгелија, планина Кожуф – приземен пожар.
  • Општина Македонски Брод, повеќенаменско подрачје Јасен – мешана шума.

Изгаснати се 11 пожари во општините Кичево, Македонски Брод, Илинден, Гостивар, Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар, Куманово и Старо Нагоричане, каде што беа зафатени стрништа, депонии, ниска вегетација и шуми.

Надлежните апелираат за внимателност на отворено, бидејќи голем дел од пожарите се резултат на човечка негрижа.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?