Утрински Весник
Македонија

ЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво

169 62 2.jpg

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради недоличното и непрофесионално однесување кон новинарки за време на јавен настан во Скопје, на кој бил присутен министерот за здравство Азир Алиу заедно со одговорното лице за протокол од министерството.

Непримерната комуникација од страна на вработената во министерството, одговорна за протокол, настанала откако група новинари ја замолиле за изјави,  на што добиле одговор од нејзина страна дека не може, додека на една од новинарките се обратила со зборовите: „Невоспитана, дрска и најбезобразна новинарка“.


Сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо и несоодветно и претставува сериозен удар врз достоинството на новинарите, слободата на изразување и правотот на јавноста да биде информирана. Недостатокот на санкции за вакви инциденти може да создаде ризик од повторување на слично однесување од страна на други јавни службеници.

Воедно, го поздравуваме гестот на солидарност од останатите новинари и медиумски работници кои биле присутни таму и револтирани од недоличното однесување, колегијално го напуштиле настанот.

ЗНМ и ССНМ апелираат до Министерството за здравство итно да го преиспита овој случај и да обезбеди соодветни мерки за професионално однесување на сите јавни службеници кон медиумите. Ова е од клучно значење за заштита на правото на новинарите на пристап до информации од јавен интерес и за одржување на довербата во институциите.

Можете да прочитате

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Левица: 39.611 непланирани прекини во една година – ЕВН наплаќа „милиони” за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува