Утрински Весник
Македонија

Жителите на Аеродром најавија нов протест за денес против загадувањето од Вардариште

Img 5963.jpeg

Жителите на општина Аеродром најавија дека повторно ќе излезат на протест денеска во 18 часот, на истото место – паркчето кај Авионче во Ново Лисиче. Тие велат дека ќе се собираат секој ден сè додека не видат конкретни мерки за решавање на проблемот со загадувањето од депонијата Вардариште.

„Сите што сме најмалку една година во општина Аеродром добро го знаеме жариштето на проблемот со загадениот воздух, а тоа е Вардариште“, изјави еден од граѓаните, кој потсети дека денеска жителите се обидоа да ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ како знак на револт.


Протестите, според организаторите, ќе продолжат сè додека институциите не ги исполнат ветувањата и не се преземат конкретни чекори за трајно решавање на долгогодишниот еколошки проблем.

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство