
Министерот за правда Игор Филков се очекува наскоро да стане магистер по правни науки, а темата што треба да ја одбрани за да се стекне со оваа академска титула е тесно поврзана со ресорот што му е доверен да го раководи во рамките на Владата.
За академското надоградување на Филков, кое доаѓа истовремено додека ја извршува функцијата министер за правда, може да се види од дневниот ред на 16. Седница на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, закажана за утре.
Темата
Темата на која работел Филков, како студент на втор циклус студии – административно право и јавна администрација на Правниот факулет, е со наслов: „Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда“.
Менторка на Филков за магистерската тема му е проф. д-р Ивана Шумановска Спасовска. Останати членови на Комисијата за одбрана на трудот се проф. д-р Драган Гоцевски и проф. д-р Дивна Илиќ Димоски.
„’Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда’ од кандидатот Игор Филков, студент на втор циклус студии – административно право и јавна администрација; Комисија за одбрана во состав: проф д-р Ивана Шумановска Спасовска (менторка), проф. д-р Драган Гоцевски и проф. д-р Дивна Илиќ Димоски“, пишува во дневниот ред за утрешната седница на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинија Први“ во Скопје.
Од магистерскиот труд се отвора прашањето за конфликт меѓу темата и функцијата што Филков ја извршува во моментов. Дополнително прашање е поврзано со менторката проф. д-р Ивана Шумановска Спасовска.
Менторката
Имено, д-р Шумановска Спасовска може да се забележи во првите редови на настанот во октомври 2023 г. по повод потпишувањето на иницијативата за основање на политичката партија „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“ на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
За помалку упатените, министерот за правда Филков е кадар на оваа политичка партија, што само по себе го наметнува прашањето дали и менторката има конфликт на интерес во овој случај.
Став во врска со дилемите што се наметнуваат побаравме и од министерот за правда Игор Филков и од неговата менторка за магистерскиот труд професорката Ивана Шумановска Спасовска.
Целиот текст прочитајте го на 360степени.мк со клик ТУКА.