Утрински Весник
Македонија

Јавното обвинителство ги отфрла наводите за незаконско следење на комуникациите

Obvinitelstvo 1.jpeg

„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите. Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон.

Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, стои во ставот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.


Можете да прочитате

Мицкоски: И Западот не е тоа што беше, очекувам младите да се вратат дома

Бугарската министерка: Ги убедивме европските партнери да ја прифатат нашата позиција, Скопје сега нема политичка волја за ЕУ

Уапсен возач од Шведска, кај Демир Капија возел 175 км/ч при ограничување од 80 км/ч