Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите повторно ќе паѓаат!

Meteoalarm.mk 32.png

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3  и 4 септември) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. И во Скопје  и околината во погоре споменаиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме во делови од котлината.


За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање.

Можете да прочитате

Субвенциониран студентски оброк, студентите бараат + 10 денари, министерката ќе чека ребаланс

Хероите на Дојран: Двајца другари со свои раце го чистат каналот за да го спасат езерото

Филипче: До крајот на неделата СДСМ ќе излезе со работна верзија на резолуцијата за евроинтеграциите