Утрински Весник
Свет

Средба Путин – Ердоган во Кина

Image 2025 09 01 174948311.png

Претседателите на Турција и Русија Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин имаа средба на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, јави Си-Ен-Ен Турк.

Путин се заблагодари на Ердоган за дипломатските напори околу кризата во Украина и нагласи дека двете земји успешно соработуваат во енергетиката и на теми од заеднички интерес, меѓу кои Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ.


Ердоган ја повтори покана до Путин да ја посети Турција, додавајќи дека односите меѓу Анкара и Москва се „искрени и базирани на доверба“.

На средбата присуствуваа повеќе министри од двете влади, меѓу кои шефовите на дипломатијата и енергетиката.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот