Утрински Весник
Македонија

(Фото) Аеродром се разбуди во чад и неиздржлива мирисба

125c6e28 1917 44e8 ae75 be4a24a2c5b1.jpeg
Dik 300x250 mk

Жителите на скопската општина Аеродром утрово се разбудија во облаци чад и неподнослива мирисба што се шири низ населбата. Најверојатна причина е вчерашниот голем пожар што избувна на депонијата Вардариште, кој, според граѓаните, и денеска продолжува да чади и да испушта густ дим.

Од раните утрински часови, воздухот во овој дел на градот е загаден и тешко издржлив, а граѓаните се жалат дека мирисот е присутен и во нивните домови. Ситуацијата повторно го отвори прашањето за сериозните последици од постоењето на дивата депонија Вардариште, која со години претставува еколошка бомба во срцето на Скопје.


Граѓаните бараат надлежните институции итно да реагираат и да го решат проблемот кој сериозно го загрозува нивното здравје и квалитетот на животот.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево