Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на концерт во Делчево со македонски песни 

Img 5729.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на Делчево, каде што оствари средби со граѓаните и присуствуваше на концерт во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

„Имав можност да разговарам со граѓаните и да ја почувствувам топлината и гостопримството на овој убав град,“ напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.


Тој истакна дека концертот бил исполнет со прекрасни македонски песни кои ја носат во себе душата и идентитетот на народот. „Овој концерт е уште една потврда дека љубовта кон Македонија се чува преку песната, традицијата и заедништвото. Горди сме што македонската култура живее, се пее и се пренесува на новите генерации,“ порача премиерот.

„Македонија е во срцето на секој од нас!“ заврши Мицкоски.

Можете да прочитате

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

ЛДП: Срамен, скандалозен и без ронка емпатија настап на министерката за образование пред првачињата

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица