Утрински Весник
Македонија

Дефектот на струја направи тотален хаос во Аеродром – Семафорите не работат, мотрџии дивеат по улиците (ВИДЕО)

Img 5684.jpeg
Dik 300x250 mk

Повеќе од два часа Аеродром, Ново Лисиче, Реонски Центар и делови од централното градско подрачје се без струја во Скопје. Од ЕВН за 24Инфо изјавија дека работат на санација на дефектот на 110кВ трафостаница, но поради истиот настана вистински хаос на улиците во Аеродром.

Поради дефектот, не работат семафорите на целиот дел на Скопје кој е зафатен од проблемот, но тоа не ги спречи моторџиите да дивеат по улиците, дури и кога родители со мали деца во колички треба да ја преминат улицата.


Апелираме на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, до решавање на проблемот, за кој од ЕВН не ни дадоа конкретен одговор кога ќе биде саниран.

Можете да прочитате

Притвор за двајца раководители од „Комунална хигиена“ – сомненија за загрозување на животната средина

Закани со бомби во неколку основни училишта во Скопје и Куманово

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа