Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Влада која ги избира фотелјите пред еднаквоста и оправдувањата пред интеграцијата

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение на ДУИ:

Последните изјави на владините претставници дека „една година не е доволна за уставните измени“ се доказ за недостаток на политичка волја и за неуспех на оваа влада да ја води државата кон европската интеграција и да го почитува самиот Охридскиот мировен договор.


Од првиот ден на мандатот, покрај блокирањето на европската перспектива, оваа влада и нејзините партнери ги напаѓаат темелите на еднаквоста и Охридскиот мировен договор:

• го укинаа балансерот, со што го нарушија правичното застапување на Албанците и другите заедници;
• ја девалвираа Охридската рамковна спогодба доверувајќи ја нејзината имплементација на личности со антиалбански и антиевропски ставови, како Иван Стоилковиќ;
• ја избришаа дијаспората од политичкото претставување и го намалија бројот на Албанците во официјалните статистики;
• не го почитуваат службеното користење на албанскиот јазик и го девалвираа Инспекторатот за јазици и Агенцијата за примена на јазиците.

Денес, покрај неуспехот со уставните измени, оваа влада отвора нови фронтови против механизмите на еднаквост како Бадентеровото мнозинство – еден од најсилните уставни столбови што гарантира меѓуетничка стабилност, вистинска еднаквост во државата и заштита од мајоризација. Секој обид за релативизирање или преиспитување на Бадентер претставува обид за враќање на државата назад во исклучување и дискриминација.

Сведоци сме дека сè повеќе се шират опасни идеи што ги претставуваат оние кои веруваат дека мултиетничките држави не функционираат и дека треба да се градат етнички држави. Овој пристап се манифестира во два правци: преку ударите врз Охридскот мировен договор, кои ја рушат внатрешната еднаквост, и преку блокирањето на европскиот пат, што ја изолира државата и ја враќа назад.

Демократската унија за интеграција останува политичка сила која го бранеше и ќе го брани Охридскиот мировен договор, евроатлантскиот курс на државата и достоинството на граѓаните. Албанците нема да дозволат враќање на државата во неправда и исклучување. Октомври е близу, а народот ќе зборува гласно. Часот на политичка и правна одговорност се приближува. Охридскиот мировен договор не се допира, еднаквоста не се преговара.

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти