Утрински Весник
Македонија

Невремето предизвика пожари низ Скопје – сомнежи за намерно подметнување вели Ангелов

Img 5628.jpeg

Поради невремето проследено со силен ветар кое го зафати скопскиот регион попладнево, истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од поголемиот дел од градот и предизвикаа вознемиреност кај граѓаните.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека за дел од пожарите постојат сомневања дека се намерно подметнати.


„Во периодот додека беснееја овие пожари на отворен простор, во регионот на аеродромот Скопје дуваше силен ветар проследен со силен дожд, поради што ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и армискиот хеликоптер, иако беа во состојба на готовност, не можеа да полетаат и да дадат поддршка на пожарникарите,“ изјави Ангелов.

Пожари избувнаа на неколку локации:

  • во Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно (зафатена ниска вегетација и мешана шума),
  • во Општина Карпош, кај спортската сала „Борис Трајковски“ (ниска вегетација),
  • во Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума),
  • во Општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација),
  • во Општина Гази Баба, с. Инџиково (трева и ниска вегетација).

Надлежните служби известија дека сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.

Можете да прочитате

Д-р Чибишев: Чадот и отровните гасови од пожари се смртна опасност

Расцеп во Партијата на пензионери – дел од раководството против коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Битола ќе ја коригира плочата на Турунџев – без бугарски букви, со македонски идентитет