Утрински Весник
Свет

Во бродолом кај Мавританија загинаа 69 мигранти

Image 2025 08 29 205046841.png
Dik 300x250 mk

Најмалку 69 тела се извлечени од Атлантскиот Океан повеќе од 48 часа по потонување на брод со мигранти кај Мавританија, а десетици луѓе се исчезнати, соопшти денеска Крајбрежната стража на западноафриканската држава.

Претходните информации говореа за 49 жртви и околу стотина исчезнати во овој поморски инцидент, кој се случи на околу 80 километри северно од главниот град Нуакчот.


Официјален претставник на Крајбрежната стража претходно изјави дека на бродот имало 160 луѓе, а дека само 17 од нив успеале да преживеат. Тој настан го опиша како голема трагедија.

Според информациите од локалните власти, најголем дел од патниците на бродот биле државјани на Сенегал и Гамбија. “На бродот имало 160 луѓе, а дека се спасиле само 17.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија