Утрински Весник
Македонија

Филипче: Со Сашко СДСМ оди на победа во Крива Паланка

Image 2025 08 29 162828337.png

Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека СДСМ оди на победа во Крива Паланка со градоначалникот и кандидат на СДСМ за уште еден мандат Сашко Митовски.

Сметам дека Сашко заслужува да биде изгласан од граѓаните на Крива Паланка, истакна Филипче.


-Крива Паланка е, би рекол, единствен град во државата кој претрпе целосна трансформација за време на неговиот мандат. Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката, убав плоштад на којшто може да се прават настани, рече Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека Сашко е прототип за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив, отворен за сите, не прави дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска.

-Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде една голема победа за сите граѓани на Крива Паланка, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот