Утрински Весник
Македонија

Јанчев: Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро 

Image 2025 08 29 155608101.png
Dik 300x250 mk

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку неговата Фејсбук страница.

– Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат. Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари. Се соочуваме со два сериозни пожара на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра – напиша Јанчев на Фејсбук.



Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево