Утрински Весник
Свет

Руте: Шокирани сме, Путин е подготвен да ја продолжи војната

20250828120213 big 730x400 34.webp.webp

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека руските напади на Киев минатата ноќ, во кои беа погодени цивилни подрачја и дипломатската мисија на ЕУ во Киев, а загинаа најмалку 18 луѓе, покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја продолжи војната.

– Сите сме шокирани од она што се случи, пред сè затоа што ова се напади кои не се насочени кон воени мети, ова се цивилни мети. Додека се обидуваме да направиме сè за да го поддржиме американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши оваа војна, во меѓувреме, рускиот претседател Путин е подготвен да продолжи со тоа, да продолжи да напаѓа невини цивили во Украина, рече тој на прес-конференција во германскиот град Вирцбург.


Руте информира дека денеска се консултирал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и високата претставничка за надворешни работи, Каја Калас, по рускиот напад на претставништвото на ЕУ во Киев, пренесува германскиот Н-ТВ.

– Нападот уште еднаш докажува дека не смееме да бидеме наивни во врска со Русија, предупреди Руте.

Меѓутоа, тој рече дека Русија е способна и за хибридно војување.

– Ако сметаат дека е неопходно, можат дури и да извршат атентат, нагласи Руте.

Според него, Русија исто така се обидува да го наруши цивилниот воздушен сообраќај, на пример во Германија и балтичките држави.

Можете да прочитате

Истакнати Италијанки, вклучително и Мелони, жртви на онлајн скандал

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор