Утрински Весник
Македонија

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

516437820 24421213014151066 7188005237471841417 n.jpg

На празникот Успение на Пресвета Богородица, вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, објави дека ќе влезе во трката за прв човек на општината како независен кандидат.

Во своето обраќање, Крстевски порача дека Кочани заслужува „безбедно, чисто и модерно секојдневие, управувано од волјата на граѓаните, а не од политички интереси“. Тој потсети на резултатите од изминатите четири месеци, меѓу кои го истакна првото лето без горење на депонијата и без загадување на воздухот со пластика. „Тоа не е случајност, туку резултат на работа, храброст и одлуки,“ нагласи тој.


Крстевски посочи и на воспоставените дипломатски контакти со амбасадори кои, според него, ќе бидат поддршка во обновата на градот „што премногу долго бил запоставен“.

„Не ветувам чуда, покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука, не пред камерите, туку пред народот, лице в лице,“ изјави в.д. градоначалникот, додавајќи дека оваа кандидатура не е политичка битка, туку граѓанска обврска.

Под мотото „Со срце и душа за Кочани“, тој ја претстави својата цел – враќање на гласот на граѓаните и достоинството на градот.

Можете да прочитате

Амбасадорката Агелер на Kоридорот 8: Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати