Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Nikolikj pozar dojran.jpg
Dik 300x250 mk

На територијата на државата денеска до 20:30 часот регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот кај село Добродол, во Општина Врапчиште, каде гори ниска вегетација.


Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар) и Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште); Општина Долнени: с. Алинци (депонија); Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација); Општина Струга: с. Делогожда (стрниште); Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација); Општина Брвеница: с. Радиовце (ниска вегетација и мешана шума); Општина Гази Баба: позади КПД Идризово (ниска вегетација); Општина Охрид: с. Мешеишта (сува трева и стрниште) и Општина Тетово: с. Голема Речица (ниска вегетација и шума).

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра