
Велика Британија ќе овозможи група студенти од Појасот Газа да го завршат своето образование на универзитетите во земјата, соопшти денеска Владата.
Според Би-Би-Си, околу 40 студенти ќе добијат финансиска помош преку државни програми и приватни стипендии.
За да можат студентите да го продолжат своето образование, израелската Влада прво мора да го одобри нивното излегување од Појасот Газа, по што ќе се провери нивниот идентитет, соопшти британското Министерство за внатрешни работи.
Односите меѓу Лондон и Ерусалим беа разнишани во последните неколку недели по најавата на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер дека во септември ќе признае независна палестинска држава.
Овој потег го осуди премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, со образложение дека, како што тврди, „го наградува тероризмот на Хамас и ги казнува сите негови жртви“.