Утрински Весник
Македонија

ДКСК и Обвинителството: Нема злоупотреби при организацијата на ОБСЕ во Скопје

Dksk.jpg

Обвинувањата за наводни неправилности при организацијата на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023 година, институционално се затворени уште лани, потврдија Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според нивните заклучоци, постапката за избор на компанија за реконструкција и адаптација на салата „Борис Трајковски“ е спроведена во согласност со важечките закони, со почитување на критериумите за фер и транспарентно оценување, без елементи на корупција.


Проверката беше спроведена по иницијатива на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој по серија јавни обвинувања побара ревизија и целосна истрага за постапката.

„Процесот се одвиваше во согласност со законската рамка и не се утврдија коруптивни елементи“, се наведува во заедничкиот заклучок на ДКСК и Обвинителството, кој се однесува на подготовките за самитот што важи за еден од најзначајните дипломатски настани во поновата историја на државата.

И покрај тоа, коалицијата ВЛЕН во пресрет на локалните избори повторно ја отвори темата и во повеќе наврати го обвини Османи за наводна злоупотреба на јавни средства, повикувајќи се на ревизорски извештај. Но, институциите што имаат надлежност веќе ја завршија постапката и донесоа став дека неправилности нема, поради што нејасно е зошто повторно се бара обвинителството да постапува по предмет за кој веќе има одлука.

Со тоа, предметот се смета за правно и институционално затворен, а без нови докази, дополнителни политички толкувања, според експертите, немаат основа во утврдената фактичка состојба.

Можете да прочитате

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори