Утрински Весник
Македонија

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава.

-Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште се на болничко лекување, како во земјата така и во странство.


Во странство, односно во Истамбул, моментално се лекуваат двајца повредени пациенти, од кои едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во земјава. Во домашните здравствени установи, едно лице е згрижено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“, одговориле од Фондот за здравствено осигурување за ,,Фокус”.

Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.

Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.

Катастрофалниот пожар избувна два часа по полноќ на 16 март, за време на настапот на дуото ДНК во дискотеката „Пулс“. Во оваа трагедија, животот го загубија 62 лица, меѓу кои шест малолетници. Над 150 млади се здобија со тешки телесни повреди, додека 54 беа полесно повредени.

Можете да прочитате

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори

Влада: Преку Министерство за транспорт продолжува силна активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија