
Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев успеа да го оствари еден од најголемите предизвици во светското маратонско пливање – го преплива каналот Ла Манш.

Поп Ацев патеката меѓу Англија и Франција ја совлада за 9 часа и 43 минути, со што стана само петтиот македонски пливач кој се запишал во историјата со овој подвиг.
Овој исклучително тежок предизвик, долг околу 34 километри по воздушна линија, е познат по своите силни струи, студени води и непредвидливи временски услови. Затоа, преминувањето на Ла Манш претставува врвно достигнување за секој професионален пливач.
Со успехот на Поп Ацев, Македонија уште еднаш добива место на светската мапа на маратонското пливање.
Честитки за историскиот успех му упатија бројни спортски асоцијации, љубители на пливањето и граѓани, кои неговото остварување го нарекоа инспирација за сите млади спортисти во земјата.