Утрински Весник
Македонија

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи

Ffm.webp.webp

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата на Комисијата за млади категории при ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија отвори и заврши повеќе дисциплински постапки согласно Дисциплинскиот правилник.

Најсериозниот инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички нападна противнички фудбалер и му нанесе сериозни повреди. Согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, за физички напад со потешки последици, кон него е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.


Во инцидентот учествуваа и играчите на ФК Шкупи 1927 – Рамадани Ибрахим (бр. 5) и Новобрдалија Амар (бр. 30), кои исто така извршија физички напад. Против нив е поведена постапка согласно член 43 став 1, по што им е изречена забрана за настап во траење од три месеци.

Дополнително, играчот на ФК Брегалница 2008 со број 4, Гоцев Симеон, реагирајќи на нападот се впушти во груба игра и пречекорена самозаштита. Неговата постапка е квалификувана согласно член 40 од ДП, за што му е изречена забрана за играње на четири натпревари. Комисијата утврди и организаторска и колективна одговорност на двата клуба.

Против ФК Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка согласно член 51 од ДП, поради физички напад од родители/навивачи врз противнички играчи, што претставува тежок прекршок од страна на гледачи. Согласно член 29, санкцијата се однесува на екипата „помлади пионери“, која го сторила прекршокот.

Против ФК Брегалница 2008 е поведена дисциплинска постапка согласно член 48 од ДП, поради слаба организација и пропуст во обезбедувањето. И оваа постапка, согласно член 29, се однесува на екипата „помлади пионери“, која била домаќин на натпреварот.

Исто така, против Алејса Виши, координатор за млади категории на ФК Шкупи 1927, е поведена дисциплинска постапка поради внесување на лажни информации во Комет системот на ФФМ, со што како шеф на стручен штаб и кондициски тренер биле заведени лица кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи 1927.

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол