Утрински Весник
Македонија

Алиу се сретна со Кедев, сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

20250825104954 big 730x400 86.webp.webp

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи се задолжени од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции.


Од Министерството за здравство наведуваат дека се отворени за соработка со сите чинители и ги повикуваат сите засегнати страни кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до нив.

Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството за здравство и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот, стои во соопштението. 

Можете да прочитате

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса 

Разбиена криминална група со нафта: 13 лица осомничени за даночна измама и перење пари

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи