Утрински Весник
Македонија

Од вкупно девет пожари на отворен простор, активен е еден

Pozar jasen 5.jpg

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола и изгаснати се шест пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во село Долгаец, во Општина Долнени каде гори мешана шума.


Под контрола се пожарот во резерватот Јасен, во Општина Македонски Брод и пожарот во село Опае, во Општина Липково, каде гореше сува трева и стрниште.

Изгаснат е пожарот на улица 60, до железничка станица, во Општина Куманово, каде гореше сува трева, како и пожарот на ѓубриште кај пругата во Тетово, во Општина Тетово.

Во Општина Желино изгаснат е пожарот кај село Палатица, каде гореше сува трева, потоа пожарто во Радовиш, каде исто така гореше сува трева, како и пожарите во Општина Василево, кај село Пиперово каде гореше сува трева, трска и депонија и во Општина Босилово, кај село Моноспитово, каде гореше сува трева

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци